Фото: Архива на Слободен печат

Воспитувач од Србија осуден на 20 години затвор — фотографирал голи деца во градинка

Апелациониот суд во Нови Сад донесе пресуда со која на воспитувач му ја зголеми затворската казна од 18 години и три месеци на максимални 20 години затвор поради сексуално злоупотребување на деца во градинка.

Второстепениот суд ја измени првостепената одлука на Вишиот суд во Сомбор, откако Вишото јавно обвинителство и одбраната на обвинетиот поднесоа жалби.

По разгледување на предметот, судот во Нови Сад донесе одлука на 28-годишниот И.О. да му ја изрече најстрогата казна предвидена за делата за кои е осуден.

Вишиот суд во Сомбор првостепено го прогласи за виновен за 29 кривични дела недозволени полови дејствија и едно кривично дело детска порнографија.

Случајот бил откриен откако четиригодишно дете им кажало на родителите дека воспитувачот го фотографирал без облека. По пријавата била спроведена стручна проценка која ги потврдила наводите на детето, а истрагата потоа била проширена.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Нервозни воспитувачки во белградска градинка им удираат шлаканици, ги влечат и ги газат две-годишните деца

При претрес на мобилниот телефон на обвинетиот, истражителите пронашле фотографии од поголем број деца, поради што во текот на постапката се зголемувал и бројот на оштетени.

Родителите на децата кои, според обвинението, биле жртви на злоупотреба, со загриженост и со нетрпение го очекувале крајот на процесот.

Нивниот најголем страв бил дека казната би можела да биде премногу блага за, како што велат, човек кој ја злоупотребил нивната доверба.

„Целиот тек на судењето беше исклучително тежок за нас, бидејќи постојано повторно ја преживувавме траумата, гледавме во очи таа личност и слушавме како се оспоруваат сведоштвата на нашите деца“, изјави мајката на едно од децата.

Според неа, особено ги вознемирило тоа што вештакот ги оспорил повеќето искази на децата, иако тројца психолози ја потврдиле нивната автентичност.

Воспитувач во Австралија признал дека извршил стотици сексуални злосторства над деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот