ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Нервозни воспитувачки во белградска градинка им удираат шлаканици, ги влечат и ги газат две-годишните деца

Страшни сцени направени во градинка од белградската населба Вождовац ја потресоа цела Србија.

На виралното видео споделено на Твитер од профилот „Бабица Травица“ се гледа како воспитувачката го држи детето на подот и грубо го крева во воздухот со двете раце, насилно му ја турка цуцлата во устата, ги извлекува децата од оставата во чајната кујна, каде што се заклучени, им вика додека премногу врескаат.

Според изјави од родителите за српските медиуми, ова e градинка во познатата населба Вождовац каде родители носеле на згрижува две и три-годишни деца. Родителите се огорчени и исплашен. Тие веќе извесно време забележувале промени во однесувањето на нивните деца и тврдат дека децата се трауматизирани веќе подолго време.

Бруталноста од страна на воспитувачките оди дотаму што на снимката се гледа како една од нив буквално го влече детето држејќи го под пазувите, а пак друга го држи детето на под и го гази, додека тоа вознемирено плаче.

Надлежните во Србија, по објавата на видеото во јавноста, веднаш направиле увид при што е откриена и просторијата каде дечињата биле заклучувани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот