Трамп: Америка и Иран ќе одржат нови преговори во Катар
Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД и Иран утре ќе одржат нови разговори во Катар, откако двете страни се повлекоа од бран меѓусебни напади кои се закануваа да ги нарушат мировните напори, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Препорачано
„Иран побара средба. Таа ќе се одржи утре во Доха“, напиша Трамп на „Трут Соушал“.
Од Техеран засега нема официјална реакција. Неколку часа претходно, висок ирански функционер негираше дека се закажани какви било технички разговори.
Според извор запознаен со преговорите, технички тимови кои работат на имплементација на првичниот договор меѓу двете страни треба да се сретнат во Доха во наредните денови, јавува „Ен-би-си њуз“.
Изворот додава дека веќе постојат комуникациски канали за деескалација на конфликтот и дека техничките разговори ќе продолжат.
САД го нападна Иран — оттаму најавија дека ќе одговорат „брзо и решително“
Ова доаѓа по серија меѓусебни напади во текот на викендот, кои се закануваа да ги урнат напорите за трајно завршување на конфликтот.
Судирите започнаа по обидите повторно да се отвори Ормускиот Теснец без надзор на Иран, што предизвика остри предупредувања и напади од Техеран, кој настојува да ја задржи контролата врз овој важен морски премин.
Денови јавни расправии околу условите на договорот — и за иднината на трговската маршрута и за одмрзнувањето на милијарди долари ирански средства — ескалираа во нови воени напади, откако Иран нападна бродови што минувале низ теснецот.
Бахреин и Кувајт беа цел на ирански напади рано во неделата, неколку часа откако американската војска соопшти дека погодила повеќе цели во Иран како одговор на „континуирана агресија“ врз комерцијалниот поморски сообраќај.
Техеран се закани со „целосно прекинување“ на преговорите доколку Вашингтон продолжи со нападите.


