Фото: Скриншот / Икс / шпанска полиција

ВИДЕО | Во Шпанија падна еден од најбараните босови на италијанската мафија — Дон Мико

Шпанската полиција го уапси Доменико Павиљанити, шеф на еден од клановите на калабриската мафија, обвинет за кривични дела против лица, трговија со дрога и за перење пари.

Уште познат како Дон Мико, тој е еден од највисоките шефови на „Ндрангета“ и еден од најбараните босови на италијанската мафија.

Апсењето го спроведоа припадници на Одделот за дрога и организиран криминал на Националната полиција, во рамките на проектот ИКАН на Интерпол — глобална иницијатива за разбивање на припадници на италијанската мафија „Ндрангета“.

Минатиот петок, 26 јуни, полицијата поставила оперативен распоред околу можниот дом на Павиљанити во Сорија, каде што тој конечно бил лоциран и уапсен.

Според полициски извори, Доменико Павиљанити е „цел од висока вредност“, баран од италијанското правосудство како лидер на „Ндрангета“, која во моментов се смета за една од најмоќните и најопасните мафии. За него била издадена европска потерница за апсење и предавање.

Италија заплени имот од 200.000 евра на еден од најмоќните босови на Коза ностра, Месина Денаро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот