Фото: Креирана илустрација

Италија заплени имот од 200.000 евра на еден од најмоќните босови на Коза ностра, Месина Денаро

Италија вчера соопшти дека запленува имот вреден повеќе од 200 милиони евра, кој му припаѓал на починатиот мафијашки бос Матео Месина Денаро, стекнат од трговија со дрога и реинвестиран во Европа и пошироко, објави „Јуроњуз“.

„Огромното богатство“ на безмилосниот бос на Коза ностра, легендарна фигура која конечно беше уапсена во Палермо во 2023 година по три децении бегство, било акумулирано уште од 1980-те, соопшти италијанската финансиска полиција.

Месина Денаро, шеф на сицилијанскиот клан Кастелветрано, кој имаше шест доживотни затворски казни, почина во затвор неколку месеци по апсењето, на 61-годишна возраст.

Истрагата на „Гвардија ди финанца“ открила „огромни суми пари стекнати од трговија со дрога, реинвестирани во бројни европски и неевропски земји“, соопшти полицијата.

Имот се запленува во Андора, Кајманските Острови, Гибралтар, Либан, Луксембург, Монако, Шпанија и Швајцарија, како и во Италија, соопшти полицијата.

Напаѓач пукал во газда на познат ресторан во Белград — во близина на местото живеат звучни имиња

Парите од дрога биле „вратени во легалната економија“ преку широк спектар на имот, вклучително и луксузни туристички комплекси на шпанската Коста дел Сол, банкарски сметки, портфолија со хартии од вредност и корпоративни холдинг-компании, наведоа властите.

Во истрагата се уапсени тројца.

Операцијата за заплена на имотот на Матео Месина Денаро италијанските власти ја оценија како важен удар врз Коза ностра, бидејќи, според обвинителот Џовани Мелило, освен одземањето на незаконски стекнатото богатство, со ова се попречуваат на обидите мафијата да се реорганизира по смртта на босот.

Во истрагата биле користени авиони, дронови и термални скенери, а биле откриени странски компании, банкарски сметки и 22 недвижности, меѓу кои луксузни комплекси на Коста дел Сол во Шпанија.

Месина Денаро беше еден од најозлогласните шефови на сицилијанската мафија, осуден за убиства на антимaфијашки судии и бомбашки напади во 1990-те. По три децении бегство, беше уапсен во 2023 година во клиника во Палермо, каде што се лекувал под лажно име, а подоцна почина во затворска болница.

Масовни рации во Палермо: Приведени 50 осомничени за врски со мафијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот