Фото: илустрација / Фејсбук / Мој Београд

Напаѓач пукал во газда на познат ресторан во Белград — во близина на местото живеат звучни имиња

Истиот локал „Џери“, во кој беше ранет газдата, претходно годинава беше мета на бомбашки напад.

Еден човек е уапсен во Србија под сомнение дека со истрели од пиштол го ранил сопственикот на популарниот ресторан „Џери“ во Нов Белград, објави „Нова“.

Настанот го потврди и белградското Вишо обвинителство. Нападот е оквалификуван како обид за убиство, а особено внимание предизвикува затоа што се случил на локација што важи за еден од најдобро обезбедените делови на Белград.

„Нова“ претходно годинава, во февруари, пишуваше за улицата „Трешњиног цвета“, која се наоѓа во Нов Белград. Тогаш истиот локал беше мета на бомбашки напад — еден од низата што оваа зима одекнаа во српската престолнина.

Во јавноста тогаш се отвори прашањето: како е можно напаѓачот со бомбата незабележано да му се приближи на „Џери“, кој се наоѓа во една од најзаштитените улици во Белград? Особено ако се земе предвид дека станарите на таа улица се звучни имиња од светот на политиката, луѓе што некогаш извршувале јавни функции.

Пронајдено е тело во буре, изгледа е на мафијашот Баја — Вучиќ „не можел да потврди дека Милиќ е соучесник во убиството“

Улицата во Нов Белград важи за еден од најобезбедените делови на градот, со постојано присуство на обезбедување, камери и безбедносни служби. Токму затоа нападите врз „Џери“ предизвикуваат прашања, особено бидејќи годинава беа цел и други познати белградски локали, меѓу нив „Бабарога“ и локал во Коларчева улица.

Ова ранување на наводниот сопственик на „Џери“ доаѓа во екот на шпекулациите поврзани со тешкото злосторство што се случи минатата недела на Сењак, кога беше ранет, а се сомнева дека е и убиен, Александар Нешовиќ — Баја, бизнисмен и наводен припадник на групата на Кека. Ранувањето се случило во присуство на началникот на белградската полиција, Веселин Милиќ, кој поради тоа беше уапсен заедно со уште девет лица.

Поранешниот инспектор на Управата на криминалистичката полиција, Думановиќ, непосредно по злосторството им изјави на медиумите дека убиениот Александар Нешовиќ бил под придружба на припадници на Одделението за тајно следење и дека тие го известиле МВР дека Нешовиќ не излегол од ресторанот.

Полнач за телефон ќе предизвикал трагедија — баба, дедо и внуци спасувале жива глава во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот