Александар Вучиќ/ Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Пронајдено е тело во буре, изгледа е на мафијашот Баја — Вучиќ „не можел да потврди дека Милиќ е соучесник во убиството“

Телото е пренесено со возило на јавното комунално претпријатие за погребни услуги на Институтот за судска медицина во Белград, каде што ќе бидат извршени обдукција и ДНК-вештачење.

Во српското село Јарковци е пронајдено тело во буре, за кое се сомнева дека му припаѓа на исчезнатиот Александар Нешовиќ — Баја, објави „Нова“.

Телото е пренесено со возило на јавното комунално претпријатие за погребни услуги на Институтот за судска медицина во Белград, каде што ќе бидат извршени обдукција и ДНК-вештачење.

Според обвинителството, бурето било откопано во присуство на јавни обвинители, полиција и форензичари.

Вишото јавно обвинителство во Белград води истрага против десет луѓе за тешкото убиство на Нешовиќ, меѓу кои е и разрешениот началник на белградската полиција, Веселин Милиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека не може да потврди ниту дека убиството на Александар Нешовиќ било извршено во присуство на Милиќ ниту дека тој бил соучесник, пренесе „Данас“.

Вучиќ рече дека „ова што денес го видовме е застрашувачко“, а особено им се заблагодари на припадниците на Жандармеријата кои го пронашле телото на Александар Нешовиќ.

— Не е убиен ниту академик ниту лице без досие, но никој не смее вака да настрада. Злосторството е застрашувачко — рече тој во гостување на РТС.

Нови детали за убиството на српскиот мафијаш Баја — полицијата сакала да ја заташка работата, началникот порано го советувал Вучиќ

Тој истакна дека телото било палено по убиството за да има помалку траги од крв, „но крв останала“.

Сега се утврдува ДНК и речиси 99 отсто е сигурно дека станува збор за Александар Нешовиќ, рече претседателот.

Вучиќ рече дека во некоја гаража бил подготвен бетон за да се забетонира буре, за кучињата да не можат да го намирисаат.

Тој наведе дека вакво злосторство може да се очекува од шкаљарскиот или од кавачкиот клан, но дека „овие двајца монструми во голема мера контактирале со полицајци, дури и по кривичното дело“.

— Тие лица потоа се вратиле, оваа операција траела два часа, била многу комплицирана, а тие се вратиле во кафеана и испиле пијалак. Можете да замислите со какви монструми имаме работа. Горд сум на државата Србија затоа што ги уапси сите актери. Сега ги прашувам сите овие лажговци, кои со разни теории се обидуваа да ја измамат јавноста: дали со тоа ги охрабрувате и останатите монструми да направат такво нешто? — рече претседателот Вучиќ.

Нови детали за убиството на српскиот мафијаш Баја — полицијата сакала да ја заташка работата, началникот порано го советувал Вучиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот