Масовни рации во Палермо: Приведени 50 осомничени за врски со мафијата

Италијанската полиција спроведе масовни рации во Палермо, приведувајќи 50 осомничени лица поврзани со мафијашки кланови, соопштија денес извори, јавуваат италијанските медиуми.

Рациите се дел од истрагата за голем синџир за дрога, кој откри и наводна структура на организиран криминал во главниот град на Сицилија, објави Анса.

Осомничените се соочуваат со обвиненија за мафијашко здружување, изнуда, фиктивно поседување имот и криминално здружување со цел трговија со дрога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот