Шпанија, прослава за победата на Светското првенство во фудбал 2026 / Фото: EPA/GINER

Трагедија во Шпанија: 13-годишно момче почина за време на прославата за победата на светското првенство

Тринаесетгодишно момче почина во Сиудад Родриго, Саламанка, за време на прославата на победата на Шпанија во финалето на Светското првенство. Додека навивачите славеле кај фонтаната на кружниот тек Глориета дел Арбол Гордо, горниот дел од конструкцијата се урнал и паднал врз неколку лица внатре, јавува шпанскиот јавен сервис РТВЕ.

Поради несреќата, градскиот совет прогласи тридневна жалост.

Две лица биле згрижени во Здравствениот центар Сиудад Родриго, а едно од нив било момчето кое починало во болница.

Тимот за психолошка интервенција при катастрофи и итни случаи е активиран за да му помогне на семејството на жртвата.

Половина час по полноќ службата за итни случаи 112 во Кастиља и Леон добила неколку повици за уривањето на фонтаната на кружниот тек Глориета дел Арбол Гордо.

За инцидентот биле информирани локалната полиција во Сиудад Родриго, Цивилната гарда во Саламанка, Противпожарната служба на Покраинскиот совет на Саламанка и Службата за итна медицинска помош Сасил, кои испратиле медицински персонал на местото на настанот.

ВИДЕО | Toрес го скрши аргентинскиот бункер, Шпанија по продолженија до втора светска титула

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот