ВИДЕО | Снимки од хаосот по земјотресот во Кина – полици се тресат, шишиња се кршат, предмети паѓаат

Тринаесет лица се полесно повредени во земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, што го погоди округот Гаосијан во градот Јибин, во југозападната кинеска провинција Сечуан, објави Xinhua.

Повредените се пренесени и згрижени во болници, а 196 жители биле евакуирани и привремено преместени, објави кинеската агенција Синхуа.

Потресот се случил утрово во 00.12 часот по локално време. Според Кинескиот центар за земјотресни мрежи, епицентарот бил на длабочина од околу шест километри.

Локалниот штаб за вонредни ситуации соопшти дека спасувачките и санациските активности се организирани и дека се во тек.

По земјотресот, Кинеската администрација за земјотреси активирала итен одговор од трето ниво.

На социјалните мрежи се појавија снимки од моментот на потресот, забележан од надзорни камери. На дел од видеата се гледа како предмети паѓаат од полици во продавница.

Краток земјотрес го погоди тетовско-гостиварскиот регион

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот