Владо Јаневски ќе биде погребан в среда
Македонската јавност сè уште е во шок и тага по веста за смртта на Владо Јаневски, еден од најзначајните музичари на домашната музичка сцена.
Препорачано
Како што објавија од продукција „Авалон“ на својот официјален инстаграм-профил, погребот на Јаневски ќе биде в среда, на 1 јули, на Градските гробишта во Бутел.
– Почитувани,
Добивме информација од семејството на Владо Јаневски и презедовме обврска истата да ја споделиме со пошироката јавност.
Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел во среда (1 јули) во периодот од 10 до 11 часот.
Погребот ќе следи веднаш потоа, на гробиштата во Бутел – стои во објавата на „Авалон“.
View this post on Instagram
Владо Јаневски почина синоќа, на 66-годишна возраст, по кратко боледување, на една од скопските клиники.
Јаневски е едно од најзначајните имиња на македонската поп-музика, а во текот на повеќедецениската кариера создаде голем број хитови.


