Фото: mkd.basketball

Берокал мора да менува половина ростер за мечевите со Ирска и Луксембург

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација ќе влезе во завршните натпревари од претквалификациите за Евробаскет 2029 со значително изменет состав во однос на првиот дуел со Ирска одигран во Даблин. Селекторот на националниот тим, Жозеп Мариа Берокал, ќе треба да направи сериозни корекции во играчкиот состав пред двата клучни натпревари од јулскиот ФИБА прозорец против Ирска и Луксембург.

За разлика од мечот одигран на 30 ноември во Даблин, каде Македонија славеше убедлива победа со 88:76, во актуелниот состав се очекуваат дури шест промени. Од тимот кој го предводеше неговиот претходник, во ростерот на Берокал остануваат само половина од играчите кои беа дел од тој триумф. Во моментов, селекторот може да смета на капитенот Војдан Стојановски, Андреј Јакимовски, Стојан Ѓуроски, Валмир Какруки, Виктор Ташовски и Лука Стојановски.

Фото: mkd.basketball

Од составот кој ја донесе победата во Арената во Даблин, овојпат ги нема Андреј Магдевски, Андреј Митревски, Адем Мекиќ, Теодор Симиќ, Џејкоб Вајли и Лејсон Зеќири. Тоа остава шест слободни позиции за конечниот избор на 12 кошаркари кои ќе бидат во комбинација за претстојните дуели.

Меѓу кандидатите за место во финалниот список се и Виктор Ефремовски, Тома Стојаноски, Петар Бошалески, Марко Луканоски и Павел Иванов, како и натурализираните кошаркари Ди-Џеј Стјуард и Нејт Сестина, кои го одработија денешниот тренинг во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Дел од нив веќе добија минутажа во подготвителниот период, а настапија и на последната контролна средба против Бугарија, во која Македонија стигна до победа од 91:87.

И во овој претквалификациски циклус повторно се потврдува проблемот со комплетирањето на ростерот, што влијае врз реализацијата на планираните активности и подготовката на тимот за најважните натпревари во борбата за пласман во главната квалификациска фаза за Евробаскет 2029.

Подмладена Ирска со шест дебитанти доаѓа на мегдан со Македонија во Скопје

Ирците загубија убедливо од Ерменија на проверката во САД

Изминатиот викенд, селекцијата на Ирска гостуваше во Лос Анџелес, каде одигра и еден контролен натпревар, против сениорската селекција на Ерменија. А пред доаѓањето за Скопје (денеска во 17.50 часот), Ирците, кои се нашиот нареден противник во претквалификациите за Евробаскетот 2029, загубија убедливо (59:74), од условно кажано, „домашната“ Ерменија.

На полувремето Ерменците исто така имале предност, но од само четири поени (35:39). Најефикасен играч во репрезентацијата на Ирска на оваа „контрола“ бил Шон Флод, кој реализираше 18 поени. А од оние кои играа против Македонија на првиот меч одигран во Даблин, Алаџики додаде девет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот