Трамп и Зеленски / Фото: Бела куќа / Икс

Зборував со Трамп по телефон, има вистинска шанса да ѝ се стави крај на војната со Русија, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им го честиташе Денот на независноста на американскиот претседател Доналд Трамп и на граѓаните на САД, по телефонски разговор што го оцени како „многу добар“.

Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Зеленски изрази благодарност до САД „за досегашната помош за Украина — од системите ‘џавелин’ и ‘патриот’ до политичката поддршка“.

„Длабоко цениме што Америка стои покрај нас во одбраната на нашата независност“, напиша Зеленски, додавајќи дека му е благодарен на секој Американец кој се грижи за иднината на Украина, Европа и на сите во светот за кои слободата е важна.

ВИДЕО | Украина ја нападна Русија со стотици дронови — облаци чад се издигаат од нафтен објект во Санкт Петербург

Зеленски соопшти дека со Трамп разговарале и за актуелната состојба на фронтот, како и за дипломатските напори за завршување на војната.

„Постои реална можност да се стави крај на оваа војна, а решителноста на Америка е од клучно значење“, наведе украинскиот претседател.

Тој додаде дека со Трамп наводно се договориле разговорите да продолжат за време на самитот на НАТО во Анкара.

„Ви благодарам, Соединети Американски Држави! Ви благодарам, господине претседателе! Среќен 4 Јули! На Американците им посакувам продолжен просперитет и успех“, порача Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот