Фото: Пекселс/rdne-stock-project

ВИДЕО | Судир меѓу затвореници и чувари во Шри Ланка — осуммина загинаa, десетици се повредени

Во затвор во Негомбо во Шри Ланка веќе втор ден има немири и судир меѓу затворениците и чуварите, при што најмалку осум луѓе загинаа, а десетици се повредени, пренесува Њуз вајр.

На западниот брег на островската држава, откако избувнале нови немири, полицијата отворила оган.

Повредените се праќаат на лекување во болницата во Негомбо.

Според „Њуз вајр“, судирите избувнале вчера најпрво меѓу притворениците и осудените затвореници и резултирале со смрт на двајца затвореници и повреди на уште 38 луѓе, но тој биланс се зголемува.

Со засилени безбедносни мерки, затворските власти спроведуваат истрага за да ја утврдат точната причина за немирите во затворот, во кој моментално се наоѓаат 2.417 затвореници.

Според извештаите на „Хјуманс рајтс воч“, пренатрупаноста во затворите во Шри Ланка е „aлартмантна“, односно се работи за критичен хуманитарен проблем, при што капацитетите некаде се надминати и до 300 отсто. Додека официјалниот државен капацитет изнесува околу 10.350 до 13.200 луѓе, затворите држат околу 37.000 до 39.000 затвореници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот