Тему - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Тему - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Од утре ЕУ воведува данок од три евра за пакети од „Тему“, „Алиекспрес“ и „Шејн“

Од 1 јули, Европската Унија воведува царинска такса од три евра по артикл за пакети што пристигнуваат од земји надвор од ЕУ, што дополнително ќе ги зголеми трошоците за купување преку онлајн платформи како што се „Тему“, „Алиекспрес“ и „Шејн“.

Данок во износ од три евра ќе биде вклучен во основата за пресметка на ДДВ при увоз, а оваа мерка нема да се применува за стоки нарачани од земјите на Европската Унија.

Според „Гардијан“, потрошувачите можеле да купуваат стоки во вредност до 150 евра, вклучувајќи мода, козметика и играчки, без никакви царински давачки според ослободувањето од „де минимис“, а од среда, малите пакувања под таа вредност ќе бидат предмет на нова царинска такса од три евра. Официјалните лица се надеваат дека крајот на политиката „де минимис“ ќе го забави брзиот раст на увозот од Кина.

Европската комисија објави дека бројот на пакети со ниска вредност што пристигнуваат во блокот ќе се зголеми повеќе од четири пати, од 1,3 милијарди во 2022 година на 5,9 милијарди во 2025 година, од кои околу 90 проценти доаѓаат од Кина, а конкуренцијата од онлајн платформите, вклучувајќи ги „Шејн“ и „Тему“, влијае на европските трговци. Европскиот комесар за правда, Мајкл Мекграт, изјави дека е шокиран од опасностите од некои од артикли што влегуваат во ЕУ преку маршрутата „де минимис“.

Истражувањето на ЕУ објавено денес покажа дека 60 проценти од онлајн производите увезени однадвор од блокот не се во согласност со законодавството на ЕУ, што потенцијално ги става потрошувачите во опасност.

Минатиот месец, регулаторите на ЕУ го казнија „Тему“ со 200 милиони евра за тоа што не успеа да ја спречи продажбата на нелегални и опасни производи.

Поскапуваат нарачките од „Тему“ и од „Алиекспрес“ — од јули Европјаните ќе плаќаат три евра од производ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот