Фото: X / Amit Paranjape

Кина ги забрани малите авиони по ударот во највисоката кула во Пекинг

Кина им забрани на приватните авиокомпании да летаат со лесни авиони со фиксни крила, откако мал авион се урна во највисоката зграда во Пекинг минатата недела, објави Фајненшал тајмс.

Пилотот загина, а 13 луѓе беа повредени во петокот кога мал авион се урна во кулата „Ситиц“, највисокиот облакодер во Пекинг, познат и како „Кина зун“.

Повикувајќи се на тројца оператори на мали авиони со пропелери и една компанија за едрилици, Фајненшл тајмс посочува дека тие се „приземјени“ по инцидентот во Пекинг.

Вработен во клубот за падобранство „Виленд скајдајв“ од во јужната кинеска покраина Хаинан, изјави дека клубот ги суспендирал услугите за падобранство и параглајдерство поради наредба за „контрола на воздушниот простор на национално ниво“, која се однесува на рекреативните летови.

„Забранети се сите активности што бараат летање“, изјави вработениот.

Не е утврдена временска рамка за мерките за контрола.

Леталото вклучено во несреќата што се случи во петокот бил лесен спортски авион со две седишта „Санвард СА60Л аурора“ од кинеско производство.

Видеата од местото на настанот покажаа остатоци како паѓаат од 528-метарската кула по ударот. Опашката на авионот, исто така, беше забележана на земјата.

Локалните власти во Пекинг соопштија дека е во тек истрага за утврдување на причината за падот.

Воздушниот сообраќај во Кина, со исклучок на товарните и комерцијалните летови, забележа остар пад во саботата по инцидентот.

Претходно оваа година, властите во Пекинг спроведоа нови правила со кои се забрануваат летови на дронови во поголемиот дел од главниот град.

ВИДЕО | Мал авион се урна во највисоката кула во Пекинг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот