Парагвај/Selecction Paraguaya FB

Парагвај како Еквадор – победата над Германија ќе биде национален празник

Парагвајскиот претседател Сантијаго Пења прогласи национален празник по историскиот успех на фудбалската репрезентација на Светското првенство.

Парагвај ноќеска приреди големо изненадување, откако во осминафиналето ја елиминираше фаворизираната Германија, по што низ градовите во земјата започна масовно славје.

Веднаш по натпреварот, претседателот Сантијаго Пења се обрати преку социјалните мрежи и потпиша указ со кој следниот ден го прогласи за неработен, за сите граѓани да можат достоинствено да го прослават овој голем спортски успех.

„Ова не е само победа на теренот, ова е триумф на нашето срце, борбеност и заедништво. Парагвај покажа дека може да се носи и со најголемите. Во знак на благодарност кон нашите херои и за сите заедно да го одбележиме овој историски ден, го прогласувам денешниот ден за национален празник“, порача Пења.

Со оваа победа Парагвај испиша една од најголемите страници во својата фудбалска историја, додека кризата во германската репрезентација дополнително се продлабочи, откако на претходните две Светски првенства не успеа да ја мине ниту групната фаза.

Улиците на главниот град Асунсион со часови беа блокирани по последниот судиски свиреж. Илјадници навивачи излегоа да слават, а песната, факелите и еуфоријата траеја до раните утрински часови.

Благодарение на одлуката на претседателот, граѓаните на Парагвај денеска нема да одат на работа, а училиштата и јавните установи ќе останат затворени.

Мундијалот руши рекорди по број на гледачи

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот