Фото: Димитар Узунчев/Целје

Целје го претстави Узунчев: „Пресреќен сум што ќе играм во Лигата на шампионите“

Македонскиот младински репрезентативец Димитар Узунчев и официјално ја продолжува кариерата во Словенија каде што ќе го носи дресот на Целје.

Узунчев, кој важи за еден од најперспективните македонски ракометари, зад себе има успешна сезона во дресот на Бутел, а претходно настапуваше и за Мулти есенс. Иако во летниот преоден рок имаше повеќе понуди од странски клубови, тој се одлучи за Целје, оценувајќи дека тоа е најдобрата средина за негов понатамошен напредок.

Младиот десен бек би можел да добие значителна минутажа уште на почетокот од новата сезона, бидејќи искусниот Маргуч, кој е прв избор на неговата позиција, е повреден и според најавите ќе биде надвор од терените најмалку до крајот на октомври.

„Ова е огромен чекор во мојата кариера и голема чест е што станувам дел од клуб со богата традиција и докажан систем за развој на млади ракометари. Пресреќен сум што ќе ја имам можноста да настапувам во Лигата на шампионите, што претставува исполнување на еден од моите најголеми соништа. Ќе дадам сè од себе да ја оправдам довербата и да придонесам за што подобри резултати на тимот“, изјави Узунчев по потпишувањето на договорот.

ВИДЕО | Манасков го има голот на сезоната во Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот