Фото: Screenshot

ВИДЕО | Гакпо даде гол за Холандија, па го совладаа емоциите поради загубата на нероденото дете

Холандија минатата вечер беше елиминирана од Мундијалот по изведување на пенали од Мароко откако во регуларниот дел беше 1-1.

Коди Гакпо во 72. минута беше човекот кој ја доведе Холандија во водство, меѓутоа Мароканците во самиот финиш дојдоа до гол со кој се изборија за продолженија и пенали. Моментот кога Гакпо го постигна голот беше многу емотивен за напаѓачот. Тој само ја спушти главата на тревникот и остана на теренот во солзи.

Само неколку дена пред натпреварот, во саботата, Гакпо и неговата долгогодишна партнерка Ноа ван дер Биј соопштија дека нивното неродено бебе починало за време на бременоста и секако тоа оставило голема трага кај напаѓачот.

Целиот тим на Холандија по голот се собра околу Гакпо за да го прослави погодокот и да му искаже поддршка.

ВИДЕО | Сензација: Парагвај ја елиминираше Германија на пенали за осминафинале

ВИДЕО | Сензација: Парагвај ја елиминираше Германија на пенали за осминафинале

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот