Пенелопе Кит/Фото: Принтскрин/Јутјуб

Почина незаборавната Марго — познатата актерка ја загуби битката со ракот

Британската актерка Пенелопе Кит почина на 86-годишна возраст во својот дом во Сари откако ѝ беше дијагностициран рак, соопшти нејзиното семејство во понеделникот.

Во изјавата објавена во име на нејзиното семејство се вели: „Со длабока тага објавуваме дека Дама Пенелопе Кит почина од рак во својот дом во Сари, каде што живееше повеќе од 50 години.“

Кит ја започнала кариерата на сцената, а во 1963 година се приклучила на Кралската шекспирова компанија. Најголема популарност стекнала на телевизија, особено во ситкомот „Добриот живот“ (The Good Life), за кој во 1977 година ја освоила наградата БАФТА.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heart (@thisisheart)

Во таа серија, Пенелопе ја играла Марго Лидбетер, снобовски жителка на предградието, која ја нервирале соседите Том и Барбара Гуд, ликови кои ги толкувале Ричард Брајерс и Фелисити Кендал.

Кендал по веста за нејзината смрт рекла дека Кит е „комичен гениј“.

„Беше задоволство да ја познавам и да работам со неа и многу ќе ни недостасува“, додала таа.

Кит покажала сличен спој на строгост и сув хумор во серијата „To the Manor Born“, прикажувана од 1979 до 1981 година, која подоцна била вратена и за божиќниот специјал во 2007 година. Таа ја играла Одри Форбс-Хамилтон, осиромашена аристократска вдовица принудена да го продаде семејниот имот на новопечен милионер, кој го глумеше Питер Боулс.

 

Нејзиниот глас можеше да се слушне и во детската емисија „Телетабис“ (Teletubbies), како и во бројни реклами, додека подоцна водела и документарни телевизиски серијали, меѓу кои бил и „Скриените села на Пенелопе Кит“ (Penelope Keith’s Hidden Villages).

Пенелопе Кит настапувала во театарот и во осмата деценија од животот, а лондонските театри во Вест Енд утре вечер ќе ги изгаснат светлата во нејзина чест.

Во 2014 година, таа ја добила титулата дама за нејзиниот придонес во уметноста и хуманитарната работа.

Пенелопе зад себе ги остави сопругот Родни Тимсон и нивните два посвоени сина.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tracy Knight (@cornishgal79)

Почина Клајв Дејвис, музичкиот магнат што ги откри Витни Хјустон и Брус Спрингстин

Ештон Качер одби да коментира како било на контроверзните забави на Диди: Ух, имам многу да кажам, но не смеам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот