„Беше толку горд на неа“: Весна Писаровиќ се прости од Владо Јаневски
Со особено емотивна и лична порака се огласи хрватската поп-пејачка Весна Писаровиќ по заминувањето на нејзинот пријател Владо Јаневски.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Весна со скршено срце се присети на нивните последни заеднички мигови, разговори и долгогодишното пријателство.
Во својата емотивна објава, Писаровиќ евоцираше спомени од изминатиот период кој ги поврза на сцената по многу години.

„Оваа пролет гледав како ја изведуваш оваа песна во Скопје, беше толку горд на неа. А потоа, само една недела подоцна, премиерно во живо ја изведовме песната што ја снимивме пред многу години. Беше убаво, нели? Оттогаш редовно се слушавме – ти циник, а јас ништо помалку. Ти можеби малку пореален. Сакавме да коментираме песни, колеги, книги, но најмногу од сè – љубовта. Тажно е што повеќе те нема, а уште толку многу нешта требаше да си кажеме“, напиша Весна објавувајќи ја песната „Принчипеса“.
Соработката меѓу Весна Писаровиќ и Владо Јаневски датира од пред повеќе од две децении. Нивниот дует „Љубовта е моја религија“ (објавен на хрватски јазик како „Ljubav je moja religija“ на албумот на Весна „Pjesma mi je sve“ од 2003 година) важи за еден од најголемите регионални поп-хитови.
Оваа пролет беше во знакот на нивното големо музичко обединување на македонската сцена, каде што приредија моменти за паметење. Тое во февруари го испејаа дуетот на „Златна бубамара на популарноста.
Во март, Весна Писаровиќ одржа свој солистички концерт во Македонската филхармонија. Најголемото изненадување за скопската публика беше токму појавувањето на Владо Јаневски како нејзин специјален гостин.
Овие два последователни настапи во Скопје биле повод за нивно интензивно повторно зближување.
„Владо имаше албум за хрватскиот пазар и преку заеднички соработници се запознавме. Потоа станавме пријатели. Тоа време го паметам како прекрасно – снимањето на песната, спотот, честите средби и дружењето. И од сето тоа произлезе една навистина убава соработка“, изјави Писаровиќ за „Слободен печат“.
Таа додаде дека Владо ѝ се јавувал секогаш кога доаѓал во Загреб и задолжително се среќавале.
Јаневски е едно од најзначајните имиња на македонската поп-музика, а во текот на повеќедецениската кариера создаде голем број хитови.


