Роберт Саздов, Владо Јаневски, Џина Папас - Џокси / Фото: Фејсбук/Џина Папас Џокси

Требаше да бидам пејач на „Ластовица“: Џина Папас Џокси со ретка приказна за Владо Јаневски

Џина Папас Џокси требал да стане дел пејач на дуото „Ластовица“.

Оваа ретка приказна, ја откри пејачот и автор на својот фејсбук-профил, по вчерашното заминување на Владо Јаневски, кој по кусо боледување почина во Скопје на 65 години.

„Нѐ нарекуваа ‘Чаирските романтичари’, поради песните што ги создававме во тоа време, седејќи на Камчето зад зградата, со гитарите во раце. Тоа беа години исполнети со музика, соништа и искрени пријателства.

Со Владо се запознавме на почетокот од осумдесеттите години. Заедно со Роберт дојдоа кај мене на улица ‘Крсто Асенов’ бр. 10 и ми понудија да отпеам една нивна песна, која, ако добро се сеќавам, се викаше ‘Ајша’ или нешто слично.

Со задоволство им излегов во пресрет и песната ја снимивме за потребите на Македонското радио. Сепак, не можев да ја прифатам нивната понуда да станам нивен пејач, бидејќи во тој период заминував од Македонија.

На почетокот од деведесеттите повторно се сретнавме и дружењето продолжи, но веќе во поинакви околности – како колеги на македонската естрада. Владо беше со ‘Ластовица’, а јас ја градев мојата соло кариера. Во 1995 година дури делевме и иста хотелска соба за време на ‘Интерфест’ во Битола.

Со текот на времето, кога Владо започна самостојна музичка кариера, како да се променија некои негови животни навики. Стана многу поповлечен, целосно посветен на музиката и кариерата. Тоа му донесе големи успеси и заслужено место на македонската музичка сцена.

Фотографијата што ја споделувам е направена во 2010 година на улица Македонија, заедно со Роберт и Владо. Тоа беше нашата последна средба и последната наша заедничка фотографија.

Почивај во мир, Владо. Ќе останеш запаметен преку твојата музика и спомените што ги остави зад себе“, напиша Џокси на Фесјбук.

„Глумиме лудило дека е сѐ како што треба“: Познатите се простуваат од Владо Јаневски

„Шепни му на малиот горе дека веќе нема полско цвеќе“: Каролина, Калиопи, Џамбазов и Весна Бејби меѓу познатите кои се простија од Владо Јаневски

Интервју со Владо Јаневски: Кога веќе не сум имал среќа во љубовната лотарија, барем во песните има место за љубовта

„Си заминав од свадбата на Кaролина“: Вака зборуваше Владо Јаневски за една од неговите најблиски колешки

Љубовна приказна на Владо Јаневски — ѝ напишал песна за пет минути

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот