Фото: Screenshot

ВИДЕО | Голманот Боно стана хит – одбрани пенал без да се фрли

Мароканскиот голман Јасин Боно беше херој на својата репрезентација во драматичната победа над Холандија, со која „Лавовите на Атлас“ изборија пласман во следната фаза на Светското првенство.

Мароканците славеа по подоброто изведување пенали со 3:2, а Бони уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите чувари на мрежата. Тој одбрани еден удар од белата точка, додека двајца холандски фудбалери не успеаја да ја погодат рамката на голот.

Сепак, токму неговата спектакуларна интервенција при ударот на Крисенсио Самервил го обиколи светот. Холандскиот фудбалер шутираше силно под пречката, но Бони извонредно ја прочита неговата намера, тргна во вистинската насока и останувајќи исправен, со една рака успеа да ја запре топката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот