Мартин Ивановски Фото: ГРК Охрид/Фејсбук

Охрид го врати Ивановски во своите редови

Македонскиот репрезентативец, Мартин Ивановски се врати во екипата на Охрид и со освојувачот на ЕХФ Купот потпиша договор на една сезона со можност за продолжување и во сезоната 2027/28 година.

Ивановски покрај настапите за ГРК Охрид, беше дел и од РК Алкалоид и Еурофарм Пелистер 2, а добрите игри му донесоа и место во сениорската репрезентација на Македонија.

„Пресреќен сум што се враќам во матичниот клуб во родниот град од кој потекнувам и каде што ги имав првите чекори. Охрид е амбициозен клуб кој од година во година оди само во нагорна линија, а резултатите го покажуваат тоа. Освојувањето на европскиот куп мислам дека е само почеток на оваа приказна. Се надевам дека заедно ќе успееме да го издигнеме клубот на уште повисоко ниво и ќе се радуваме на многу титули и успеси“, изјави Ивановски.

ВИДЕО | Манасков го има голот на сезоната во Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот