Со поразот од Парагвај на пенали беше прекината и една традиција на Германија
Германската фудбалска репрезентација синоќа беше елиминирана од Светското првенство, откако загуби од Парагвај по подоброто изведување на пенали.
Препорачано
Германците промашија дури три пенали, со што испишаа една од најцрните страници во својата мундијалска историја.
Имено, од 1982 година, кога за првпат натпревар од нокаут-фазата на Светското првенство беше решен по изведување пенали, Германија до синоќа имаше само едно промашување во пенал-сериите на Мундијалите.
Тоа се случи токму во првата пенал-серија во историјата на Светските првенства, кога Германија ја совлада Италија во полуфиналето на Мундијалот во Шпанија. Тогаш промаши поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Ули Штилике, но Германците сепак славеа со пет успешно реализирани пенали.
Оттогаш, па сè до дуелот со Парагвај, Германија уште трипати изведуваше пенали на Светските првенства и секојпат без ниту едно промашување обезбедуваше пласман понатаму.
Сепак, синоќа Каи Хаверц, Ник Волтемаде и Џонатан Та ги промашија своите удари од белата точка, по што Германија за првпат во својата историја беше елиминирана од Светско првенство по изведување пенали.
ВИДЕО | Сензација: Парагвај ја елиминираше Германија на пенали за осминафинале
ВИДЕО | Уште една драма на Мундијалот: Мароко по изведување пенали ја испрати дома Холандија


