Портретот на Меркел ќе виси во канцеларијата на канцеларот
Речиси пет години по заминувањето од функцијата, поранешната германска канцеларка Ангела Меркел доби официјален портрет, кој ќе биде претставен во берлинскиот музеј Боде, на Музејскиот остров, пренесе Јаху.
Препорачано
Делото е на малку познатиот уметник Жереми Кејрас. Портретот од вторник ќе биде изложен во Музејот Боде, каде што ќе остане три месеци, а подоцна годинава треба да биде преместен во канцеларијата на германскиот канцелар.
Меркел, во неодамнешно интервју за весникот „Ди Цајт“, скромно го прокоментира моментот.
„Чудно е кога полека станувате дел од историјата“, изјави таа.
На првиот кат во канцеларијата на канцеларот се наоѓаат портрети на сите германски канцелари. Меѓу нив е и портретот на Герхард Шредер, кој во 2007 година го насликал Јерг Имендорф.
Со портретот на Ангела Меркел, во серијата засега недостасува уште портретот на Олаф Шолц. Од неговата канцеларија соопштиле дека сè уште не е избран уметникот што ќе го изработи.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
21мин
-
26мин
-
31мин
-
37мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


