Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска/Фото: МФ

Пониски царини за 70 суровини и репроматеријали, најави Димитриеска Кочоска

Од 1 јули пониски царини за 70 суровини и репроматеријали, најавува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска откако Собранието ги усвои измените на Законот за царинска тарифа.

„Намалувањето на царинските стапки ќе придонесе за намалување на трошоците на компаниите, особено во преработувачката индустрија и ќе овозможи подобри услови за производство и извоз. Мерката е насочена кон зајакнување на извозната конкурентност на домашните компании, зголемување на инвестициите, отворање нови работни места и обезбедување повисок девизен прилив во државата“, велат од Министерството за финансии.

Измените биле подготвени во консултација со стопанските комори и претставувале продолжение на реформите започнати минатата година, кога од 1 јули 2025 година беше реализирано првото намалување на царинските стапки до 50 проценти од нивото на царинските стапки што важат во Европската унија.

„Од 1 јули компаниите ќе имаат пониски трошоци за набавка на суровини и репроматеријали, што директно ќе влијае врз нивната продуктивност, конкурентност и извозен потенцијал. Нашата цел е македонските компании да имаат услови што се споредливи со оние во Европската унија, да инвестираат повеќе, да отвораат нови работни места и да создаваат поголема додадена вредност во економијата“, нагласува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Се очекува мерката директно да придонесе за поддршка на автомобилската, металопреработувачката индустрија и металургијата и да има позитивно влијание врз зголемувањето на извозот, девизниот прилив, инвестициите и бројот на вработувања.

Ако во трезорот има пари, ќе се плати – Димитриеска Кочоска го објасни доцнењето на парите за Вториот пензиски столб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот