Фото: Министерство за транспорт

Македонски железници добија грант од милион евра за да купат нови возови и електрични локомотиви

Нови возови и електрични локомотиви кои ќе се набават со грант од Светската банка во висина од еден милион евра ќе бидат дел од најавената трансформација на Македонски железници-Транспорт, рече денеска министерот за транспорт Александар Николоски.

Николовски денеска учествуваше на настанот каде се потпиша договорот за грант со директорката на Светска банка за Македонија, Керол Межеван. Според него, средствата се поддршка на реформата за преструктурирање на МЖ Транспорт во функционално претпријатие.

„Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Карго сообраќајот бележи сериозен раст, има раст на бројот на патници, инвестиции во нови пруги. Оваа година има позитивни бројки во првите четири месеци и раст и во бројот на превезени патници и раст на карго сообраќајот”, истакна Николоски.

Тој додаде дека се работи на трансформацијата на двете желенички претпријатија како дел од Планот за раст на ЕУ. Покрај набавките на возови и најмалку пет електрични локомотиви, Николоски информира дека во финална фаза е изградбата на првата линија од Градски воз, а очекува оваа година да се распише и тендерот за изградба на втората линија од Илинден до Новата железничка станица, како и третата линија од Ѓорче Петров до Новата железничка станица и да бидат завршени до крајот на 2027 година или првата половина на 2028 година.

Тој ги спомна и инвестициите на ЈП Железница инфраструктура, првата делница од пругата кон Бугарија беше готова минатиот јануари, на втората активно се работи, а во постапка е избор на изведувач за третата фаза.

Николовски додаде дека во рамки на Планот за раст се работи и на западното крило на Коридорот 8, правците Скопје – Јегуновце – Тетово – Гостивар, во втора фаза Гостивар – Кичево и во трета фаза од Кичево до Охрид, Струга и поврзување со Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот