Девојка за која се претпоставува дека е од Македонија е пронајдена мртва во Солун

Во стан во Солун вчера била пронајдена мртва 23-годишна девојка, најверојатно се работи за македонска државјанка, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, веројатно не станува збор за кривично дело, иако властите ги чекаат официјалните резултати од обдукцијата за да се утврдат причините за смртта.

Според државната новинска агенција АНА-МПА, бидејќи членови на семејството на девојката не можеле да стапат во контакт со неа, нејзино блиско лице се качило на вториот кат од зградата и влегло во станот преку балконската врата, каде што ја пронашло девојката без знаци на живот.

На местото бил повикан лекар од судска медицина, кој при надворешниот преглед на телото не забележал траги што би укажувале на кривично дело.

По обдукција на телото, ќе се утврдат точните околности и причините за смртта.

Дел од грчките медиуми пак пренесуваат дека се работи за државјанка на Бугарија.

ВИДЕО | Грција поставува заштитни мрежи во морето против опасната риба-зајак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот