Возило на брза помош / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Двајца велосипедисти се судриле со кола во Скопско, едниот е тешко повреден

Двајца велосипедисти вчера се судриле со автомобил кај скопското село Радуша, при што еден од нив завршил со сериозни повреди.

„На 05.07.2026 околу 08:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на општинскиот пат од с.Радуша кон с.Дворце, на местото викано ‘Сува река’, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘опел зафира’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(20) од с.Дворце, скопско, велосипед управуван од К.Ш.(68) од Скопје и велосипед управуван од А.Г.(61) од Скопје“, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Ш., кој бил пренесен во скопската клиника „Мајка Тереза“, се додава во соопштението.

Екипа на Секторот за внатрешни работи во Скопје извршила увид на местото.

Возило удрило во велосипедист кај „Мавровка“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот