Пожар/ Фото: ТППЕ Старо Нагоричане/Архива

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска до 13 часот во земјава биле регистрирани вкупно шест пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а пет пожари се изгаснати.

Како што соопштија од ЦУК, активен пожар е пожарот во м.в. Пармакови Ниви, во Општина Куманово каде гори сува трева.

Изгаснати се пожарите во с. Прждево кој зафатил две куќи, помошен објект, сува трева и нискостеблеста шума, во Демир Капија, на депонијата кај Лепенец, с. Волково, Општина Ѓорче Петров, во с. Новаци каде горела сува трева, Општина Новаци, во Дебар каде горело ѓубре, депонијата помеѓу селата Грдовци и Мојанци во Општина Кочани.

Уапсени двајца за пожарот кај Рампа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот