Фото: Screenshot/X

ВИДЕО | Додека другите го критикуваат, родниот град спектакуларно му се заблагодари на Роналдо

Додека најголем дел од фудбалската јавност го критикува и го означува како еден од главните виновници за елиминацијата на Португалија од Мундијалот од неговиот роден град Мадеира спектакуларно му се заблагодарија на Роналдо.

Жителите на Мадеира организираа спектакуларно збогување за својот најпознат сограѓанин, а небото над главниот град Фуншал беше осветлено со стотици дронови кои приредија импресивно светлосно шоу во негова чест.

Прво на небото се појави португалското знаме, по што следуваше пораката „Obrigado, 7“ (Благодариме).

Во продолжение, дроновите го формираа ликот на Роналдо во дресот со бројот седум, како и неговата препознатлива прослава „Сиууу“, што предизвика воодушевување кај присутните.

Спектаклот беше организиран од жителите на Мадеира како знак на благодарност кон човекот кој со своите успеси го прослави островот низ целиот свет.

Роналдо се испофали самиот себе: Португалија пред мене немаше освено трофеј

ВИДЕО | Голем гест: Јамал пред да ја слави победата го тешеше Роналдо

Последниот танц на Роналдо на Мундијалите заврши со неславна статистика

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот