Блатер удри по ФИФА за случајот Балогун: „Фудбалот не смее да стане игралиште за политичка моќ“
Контроверзниот случај со Фоларин Балогун доби ново продолжение, откако во јавноста се огласи и поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер.
Препорачано
Американскиот напаѓач доби директен црвен картон на натпреварот против Босна и Херцеговина и според правилата требаше да го пропушти осминафиналето против Белгија. Сепак, ФИФА одлучи да ја суспендира примената на казната за една година, со што Балогун доби право да настапи во нокаут-фазата.
Одлуката предизвика жестоки реакции, особено од белгискиот табор, а дополнителен сомнеж создадоа информациите дека американскиот претседател Доналд Трамп разговарал со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, за случајот.
Блатер реагираше остро преку социјалните мрежи, нагласувајќи дека дисциплинските одлуки не смеат да зависат од политички влијанија.
Според него, црвените картони треба да се менуваат само врз основа на правила, докази и одлуки на независни тела, а не преку политички контакти.
Иако ФИФА официјално не го поништи картонот, туку само го одложи извршувањето на суспензијата, ефектот е ист – Балогун беше достапен за селекцијата на САД во нивниот најважен натпревар на турнирот кој го загубија со 4-1 и останаа без пласман во четвртфиналето.
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Единствените македонски известувачи од Мундијалот: Мијалче и Наташа Дургутови
ВИДЕО | Џабе реагираше Трамп — ниту Балогун не ги спаси САД од дебакл против Белгија


