ФОТО | Убави и вљубени до уши — Бред Пит и Инес де Рамон го украдоа шоуто на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси
Врската на актерот Бред Пит и Инес де Рамон е проследена со голем јавен интерес уште од самиот почеток, но и покрај ова, двојката успева да ја држи својата приватност подалеку од очите на медиумите. Затоа секоја нивна заедничка фотографија предизвикува големо внимание, а овој пат обожавателите го добија можеби најинтимниот увид во нивната врска досега.
Препорачано
Прва официјална објава на Бред и Инес
Поводот бил гламурозната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси, на која присуствуваа бројни светски ѕвезди. Токму од тој настан се појавија фотографиите на кои Бред Пит и Инес де Рамон позираат прегрнати, видно расположени и заљубени.
Фотографиите на социјалните мрежи ги објави познатата фризерка Лори Занолети, која покрај нив напиша:
„Мојот омилен заљубен пар @inesdrmn и Бред Пит, неверојатен момент во Њујорк“
На фотографиите се гледа како Бред Пит ја прегрнува Инес, додека двајцата насмеано позираат пред камерата.
View this post on Instagram
За оваа пригода, холивудскиот актер избрал класичен црн смокинг со панделка, темни очила и залижана коса наназад, останувајќи верен на безвременската елеганција.
Инес де Рамон носела во прекрасен тесен црн фустан од чипка кој ја нагласувал нејзината тенка силуета. Стајлингот го комплетирала со долги висечки обетки, додека косата ја кренала во висока опашка, па целокупниот изглед бил дискретен, но многу ефективен.
Објава што предизвика бројни коментари
Иако двојката ретко споделува заеднички моменти на социјалните мрежи, дополнително внимание привлече Инес де Рамон, која ги сподели фотографиите и на својата приказна на Инстаграм.
Заедно со објавата, таа ги додала песните „Lover“ и „Delicate“ од Тејлор Свифт, како и емотикон во форма на црвено срце, што многумина го протолкуваа како нежен начин јавно да покаже колку многу ѝ значи оваа врска.
Исто така, тоа воедно е и еден од ретките случаи кога Инес објави фотографија од себе со Бред Пит на својот профил.
View this post on Instagram
Љубовна приказна што трае веќе неколку години
Бред Пит и Инес де Рамон првпат беа поврзани кон крајот на 2022 година. Нивната романса започна откако Инес се разведе од актерот Пол Весли, познат по улогата во серијата „Вампирски дневници“, за кого се омажи во 2019 година.
Од друга страна, Бред Пит официјално го финализираше долготрајниот развод од Анџелина Џоли кон крајот на 2024 година, со што заврши повеќегодишната правна битка што следеше по нивната разделба во 2016 година.
Поранешните сопружници имаат шест деца заедно – Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен.
Иако својата љубов ја држат подалеку од јавноста, моменти како овие покажуваат дека Бред Пит и Инес де Рамон не кријат колку уживаат еден во друг, а нивните нови фотографии брзо станаа една од најкоментираните теми на социјалните мрежи.
Сите зборуваат за новата романса: Бред Пит е во врска со манекенката Емили Ратајковски
Нов удар за Бред Пит, и најстариот син Медокс официјално се откажа од неговото презиме


