Сите зборуваат за новата романса: Бред Пит е во врска со манекенката Емили Ратајковски
Актерот Бред Пит е забележан на состанок со манекенката Емили Ратајковски, јавуваат западните медиуми. Според странските портали, Бред и Емили во последно време поминуваат многу време заедно. Светски познатиот актер и манекенката изминатиот период биле забележани во еден од париските ресторани, а деновиве биле „уловени“ во еден од њујоршките локали.
View this post on Instagram
Емили на својот инстаграм – профил објави и кратко видео како шета по малите скриени париски улици, по што следи прашањето Дали Бред стои позади камерата?
View this post on Instagram
Актерот и моделот допрва треба да се изјаснат за нивните зачестени дружења.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Емили Ратајковски и Себастијан Бур-МекКлард се разделија по четири години брак во јули оваа година, додека Бред моментално е во центарот на скандал поради судењето со поранешната сопруга Анџелина Џоли.
Анџелина Џоли ја доби правната битка против поранешниот сопруг Бред Пит