Анџелина Џоли ја доби правната битка против поранешниот сопруг Бред Пит

анџелина џоли
Бред Пит и Анџелина Џоли / Фото: EPA-EFE

Актерката Анџелина Џоли го доби судскиот спор против нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит кој ја тужеше откако таа го продаде својот дел од имотот во Франција што го купиле заедно, пренесуваат странските медиуми.

Пит неодамна ја тужеше Џоли затоа што решила да ги продаде својот дел од лозјето на југот на Франција, каде што поседуваат и замок.

Анџелина Џоли својот дел од имотот со Бред Пит го продала на руски тајкун?!

Да потсетиме, Пит ја тужеше затоа што таа го продала својот дел од француското лозје, кое заедно го купиле во 2008 година на имотот „Château Miraval“ на Јури Шефлер, сопственикот на компанијата што ја произведува најпродаваната руска вотка „Stolichnaya“ или како што ја нарекуваат „Stoli“.

„Секое разумно човечко суштество би било среќно да го има „Stoli“ како партнер во нивниот бизнис. Тие имаат врвен маркетинг и дистрибуција“, велат адвокатите на актерката, објаснувајќи дека компанијата нуди огромни можности за раст на бизнисот.

Извор близок до Пит откри дека Пит ја одбил понудата да го продаде имотот на „Stoli“ додека тој и Џоли сè уште биле во брак.

„Најдобар начин имотот да ја задржи вредноста (за децата) е родителите да ја задржат целосната сопственост на ова вредно богатство“, заклучи адвокатскиот тим на Пит, кои побараа судење со порота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот