Анџелина Џоли својот дел од имотот со Бред Пит го продала на руски тајкун?!

анџелина џоли
Бред Пит и Анџелина Џоли / Фото: EPA-EFE

Анџелина Џоли и Бред Пит по разводот беа принудени да го поделат имотот на суд. Сега фокусот е на нивниот имот во Франција, поточно винаријата и лозјата на имотот Миравал. Иако Анџелина немала право да гo продава своjoт дел имотот додека не заврши судскиот спор – таа го направила тоа, а веста одекна како бомба, имајќи предвид кој е купувачот.

Имено, Анџелина го продала делот од имотот во Франција на рускиот тајкун Јури Шефлер. Дека тоа е вистина потврди и „Дејли Меил“, чиј новинари стигнале и до правните документи.

анџелина џоли
Анџелина Џоли / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Џоли го продала својот дел од „Chateau Miraval“ на Јури Шефлер, сопственикот на компанијата што ја произведува најпродаваната руска вотка „Stolichnaya“ или како што ја нарекуваат „Stoli“.

„Американското Министерство за финансии го идентификуваше Шефлер како „олигарх на Руската Федерација“ и го подложи на санкции. Водката „Stolichnaya“ беше бојкотирана низ целиот свет, а по очајните обиди Шефлер да се оддалечи од режимот на Путин, „Stoli“ сега е тежок товар“, се наведува во еден судски поднесок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by #ChismologíaAZ (@chismologiaaz)

Наводно, мотивот на Анџелина бил „да му наштети на Пит“, бидејќи тогаш судот на актерот му доделил половина од старателството во жестоката борба меѓу нив петмината, тогаш малолетни деца.

Имено, компанијата што ја купила половината од винаријата на Анџелина е „продолжена рака“ на групацијата „Stoli“ што значи дека е во сопственост на Сефлер, кој моментално има адреса на живеење во Лондон, Велика Британија.

И додека од една страна Анџелина е низ Украина и е посветена на бегалците од ужасите на руската инвазија која сè уште беснее, од друга страна го продава својот имот на Русите?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот