Вардар денеска против Купс по девет години се враќа во квалификациите за Лигата на шампионите
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, денеска по пауза од девет години се враќа во квалификациите од Лигата на шампионите, а противник на „црвено-црните“ ќе им биде фински Купс.
Препорачано
Купс е незгоден противник и сериозен ривал, па задачата на вардарци сигурно нема да биде лесна. Освен тоа тие се веќе и во натпреварувачки ритам бидејќи сезоната во Финска е почната.
Одредена предност за Вардар можеби да биде потенцијалното топло време на кое Финците не се навикнати, сепак стратегот на Купс, Мика Нутинен на вчерашната прес-конференција потенцираше дека не очекува тоа да му биде проблем. Исто така тој порача и дека позитивен резултат за нив денеска е само победа.
Од друга страна Кристијан Фабијани на клупата на Вардар истакна дека неговата екипа е подготвена за предизвикот, иако сè уште не е на 100% од своите можности.
„Ќе се соочиме со тим кој е во натпреварувачка форма, игра одлично и знаат да играат со топка. Ние ќе се обидеме да ги притиснеме на нивната половина и да одиграме најдобро што можеме. Екипата е спремна, на терен ќе излезе тој што е најмногу подготвен“, изјави Фабијани.
Натпреварот на арената „Тодор Проески“ е закажан за во терминот од 19:00 часот.
Нутинен: Очекуваме незгоден натпревар против Вардар, наша цел е да победиме
Фабијани: Ќе се обидеме да го притиснеме КуПС на својата половина и да одиграме најдобро што можеме


