Седница на Совет на Град Скопје/ Фото: Принтскрин

Од Скопје за Венецуела 1,2 милиони денари финансиска помош

Град Скопје ќе додели 1,2 милиони денари финансиска помош за справување со последиците од земјотресот, како искрен чин на солидарност кон пријателскиот народ на Венецуела. Помошта беше изгласана на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Скопје многу добро знае што значи болка по разорен земјотрес. Нашиот град ја носи таа лузна длабоко во својата историја, но ја носи и најсилната порака, дека кога е најтешко, човечноста мора да биде најгласна. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Скопје не остана само. Светот подаде рака, народи од сите континенти помогнаа градот повторно да се роди од урнатините, а меѓу првите земји кои застанаа со помош и солидарност беше токму Венецуела. Тоа Скопје не го заборава. Токму затоа, денес, кога народот на Венецуела се соочува со последиците од земјотресот, Град Скопје возвраќа со човечност, почит и поддршка, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Тој изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посака брзо закрепнување.

Во двата разорни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтер што ја погодија Венецуела на 24 јуни,, загинаа над 3.300 лица, а над 16 илјади се повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот