Јокиќ сака цела кариера да ја помине во Денвер, го чека договор вреден 350 милиони долари
Никола Јокиќ уште еднаш потврди дека сака целата НБА кариера да ја помине во дресот на Денвер нагетс, но продолжувањето на договорот ќе го остави за следното лето.
Препорачано
Српскиот центар за својата иднина зборуваше по победата на Србија над Босна и Херцеговина со 94-81 во квалификациите за Светското првенство.
Јокиќ повторно беше лидер на својот национален тим и натпреварот го заврши со трипл-дабл учинок од 20 поени, 11 асистенции и 10 скока. По мечот истакна дека останува целосно посветен на франшизата од Колорадо, но потписот на новиот договор ќе го одложи за следната година.
Со таквиот потег, Јокиќ ќе стекне право на петгодишен супермаксимален договор, чија вредност, според американските медиуми, би можела да достигне околу 350 милиони долари.
Зад српскиот ас е уште една извонредна сезона во НБА. Во просек бележеше 27,7 поени, 12,9 скока и 10,7 асистенции по натпревар, со што беше лидер во лигата и во скокови и во асистенции. Во изборот за МВП заврши на второто место, веднаш зад Шеј Гилџес-Александер од Оклахома.
Кошаркарите на Србија подобри од БиХ, Јокиќ запиша трипл-дабл


