Сестина Фото: КФСМ

Македонски репрезентативец ќе игра за клубот на Тони Паркер

Македонскиот репрезентативец Нејт Сестина кариерата ќе ја продолжи во Франција, каде што е пред потпис со Асвел, откако му истече договорот со Олимпија Милано.

Сестина уште кон крајот на минатата година доби македонски пасош, но поради повреда мораше да го одложи своето деби за националниот тим. Тоа конечно се случи на вчерашниот натпревар против Луксембург, кога за првпат го облече дресот на Македонија.

Според информациите, сите услови меѓу двете страни се веќе договорени, а останува Сестина успешно да ги помине медицинските тестови пред трансферот да биде официјализиран.

Асвел ова лето формира амбициозен тим предводен од новиот тренер Тони Паркер, кој веќе донесе неколку квалитетни засилувања. Изборот токму на Сестина за крилната позиција е уште една потврда за угледот што македонскиот репрезентативец го ужива на европската кошаркарска сцена.

Реал Мадрид го потпиша тренерот кој правеше чуда со Валенсија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот