Криминална мрежа продавала лажни кондоми во Србија и во Европа
Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) денеска соопшти дека сузбила мрежа која продала повеќе од 200.000 лажни кондоми во Европа, занемарувајќи го здравјето на потрошувачите, објави „Прототема“.
Препорачано
„Овие фалсификувани кондоми биле продавани во Европа под името и логото на многу познат бренд“, соопшти европската агенција, додавајќи дека со помош на националните царински власти утврдила дека производите „запленети во Романија, Србија и во Шпанија“ потекнуваат од ист добавувач со седиште во Кина.
Во соработка со кинеските власти, ОЛАФ успеала да го идентификува извозникот одговорен за пратките.
„Стоката била лажно пријавена како играчки, очигледно со цел да се избегнат проверките од националните власти“, навела агенцијата, додавајќи дека кондомите, како медицински производи, подлежат на строги правила и стандарди во Европа.
Според генералниот директор на ОЛАФ, Петар Клемент, лажните кондоми се опасни и можат да предизвикаат инфекции со сексуално преносливи болести.
Тој додаде дека постои и ризик од несакана бременост или изложување на токсични супстанции.


