Бугарија полиција/ Фото allOver images / Alamy / Alamy / Profimedia

Евакуирани судови низ Бугарија: заканувачки пораки и лажни бомби

Втор ден по ред јавните институции низ цела Бугарија добиваат известувања за закани со поставени бомби, а властите добија повеќекратни предупредувања за наводно поставени експлозивни направи, објави денеска бугарското Министерство за внатрешни работи, пишува „Новините“.

Пријави за поставени бомби се упатени во институциите во Бургас, Јамбол, Разград, Стара Загора, Смолјан, Трговиште, Варна, Добрич, Силистра, Велико Трново, Благоевград, Ловеч, Пазарџик, Видин, Хасково, Софиска област, Крџали, Шумен, Плевен, Монтана и во Габрово.

Судската палата во Софија беше евакуирана откако беше примена пријава за експлозивна направа, а полициските единици веднаш започнаа со пребарување на зградата.

Поради мерка на претпазливост евакуиран бил и судот во Смолјан, откако Окружниот суд и Окружното обвинителство добиле заканувачка е-пошта.

Во Стара Загора, сите институции лоцирани во зградата на судот привремено ја прекинаа својата работа за време на спроведувањето на безбедносните проверки. Закажаните рочишта се одложени и ќе бидат закажани подоцна, додека страните ќе бидат навремено информирани за новите датуми.

Слични предупредувања беа примени во Благоевград, каде што полицијата не нареди евакуација на општинската зграда, туку наместо тоа ги прегледа просториите додека вработените продолжуваа со својата работа.

Дополнителни закани за бомби беа пријавени и во Шумен, каде што полициски екипи, исто така, спроведоа безбедносни проверки.

Во текот на утрото заканувачки пораки беа испратени до официјалните е-адреси на институциите, а вработените и посетителите во нив беа евакуирани.

Случајот „Петрохан“ или каква држава е Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот