Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Жена од Србија паднала од носилка додека наопачки ја носеле кон амбулантно возило

Повозрасна жена паднала од носилка додека вработените во службата за итни случаи во Бачка Паланка, Србија, ја изнесувале од објектот и се обидувале да ја сместат во амбулантно возило, пишува „Разглас њуз“.

Екипата за итни случаи била повикана да интервенира откако на жена ѝ се слошило на собир на пензионери во бар.

Вработени од Итната помош и присутните во барот ја изнесувале носилката низ многу тесна врата. Сепак, причина за падот бил тоа што жената била поставена наопаку на носилката – таму каде што требало да бидат нозете, таа лежела со горниот дел од телото.

Додека се обидувале да ја пренесат носилката преку прагот, жената почнала да се лизга. Токму затоа што не лежела правилно на носилката, рачките не ја држеле и жената паднала. Едната нога и останала закачена на рачката.

Кратко потоа, жената починала.

Тешка несреќа во Србија: дете излетало од превртена кола и загинало

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот