Гостивар / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Тешка сообраќајна несреќа во Гостивар, седум луѓе се повредени

Седуммина гостиварци се повредени, од кои двајца имаат тешки повреди, во сообраќајна несреќа која се случила во населбата Млаки во градот, соопшти МВР.

„Несреќата е пријавена синоќа во 23:10 часот во ОВР Гостивар, а во неа учествувале „цитроен берлинго“, управуван од 59-годишниот Р.Ј. од Гостивар, и „сеат леон“, управуван од 70-годишниот О.Р. од Гостивар. Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатниците М.С.(64), З.И.(45) и С.Р.(60). Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, пишува во полициското соопштение.

Тинејџер со „БМВ“ се судрил со камион во Тетово, двајцата возачи се тешко повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот