Александар Вучиќ, претседател на Србија / Фото: MILAN ILIC/BETAPHOTO / Sipa Press / Profimedia

Вучиќ не верува дека Србија, Македонија и БиХ наскоро ќе влезат во ЕУ

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не очекува ниту една земја од Западен Балкан во блиска иднина да стане членка на Европската Унија, пренесоа српските медиуми.

Говорејќи на отворањето на Конференцијата на претседателите на парламентите на земјите кандидати за членство во ЕУ во Белград, Вучиќ оцени дека Унијата во следните неколку години нема да носи одлуки за ново проширување.

„Не мислам дека ЕУ во наредните неколку години ќе може да носи одлуки за проширување, но тоа не значи дека ние не треба да продолжиме со реформите и европскиот пат“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека би било „бесмислено“ Србија да стане членка на ЕУ доколку тоа не го направат и Македонија и Босна и Херцеговина.

Според него, земјите од регионот сè уште немаат целосно слободен проток на луѓе, стоки, капитал и услуги, иако се силно поврзани.

Вучиќ оцени и дека Западен Балкан сè уште не се ослободил од поделбите и последиците од конфликтите во деведесеттите години, нагласувајќи дека е неопходна поголема меѓусебна соработка меѓу државите што се стремат кон членство во Европската Унија.

Вучиќ во Брисел нацртал како Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ: „Пристојно ме слушаа, не кажаа ништо“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот