Фото: Принтскрин

Вучиќ во Брисел нацртал како Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ: „Пристојно ме слушаа, не кажаа ништо“

Прво скокни, па кажи оп, му порача српскиот претседател на црногорскиот премиер за неговата изјава: „Ве чекаме таму од 2028, побрзајте“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во Брисел на состанокот со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и европските претставници предложил целиот Западен Балкан заедно да се приклучи кон ЕУ, наведувајќи дека кога ја презентирал оваа идеја на состанокот, го слушале како пристојни луѓе, објави Н1.рс.

„Не зборувавме за тоа, можеби само две минути, ја презентирав како моја идеја, ја нацртав, покажав зошто ја мислам, но ништо повеќе од тоа. Ме слушаа како пристојни луѓе, не кажаа ништо за тоа“, рече Вучиќ.

Тој од Брисел ја искоментира изјавата на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, кој ја иронизираше неговата идеја сите земји од Западен Балкан заедно да бидат примени во Европската Унија истовремено, објави Телеграф.рс.

Вучиќ рече дека не гледа никакви рационални аргументи во реакцијата на Спајиќ и дека верува оти неговиот предлог е презентиран „со најдобри намери“.

„Би сакал да ја слушнам неговата реакција за некои други прашања, како што се Лора и страдањето на Црногорците, но не го направив тоа. Можев да бидам циничен и да освојам лесни поени, но нема да го направам тоа“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека неговиот предлог се базира на рационален пристап и меѓусебна солидарност на земјите од регионот:

„Предложив нешто што е мудро. Ако се гледате само себеси, а вашите соседи не се снаоѓаат добро… Го кажав тоа од рационални причини. Прво скокни, па кажи оп. Мислам дека тоа е најдоброто решение.“

„На сите ќе им биде подобро, дури и на Хрватите…“: Вучиќ откри што ќе ѝ предложи утре на Урсула фон дер Лајен

 

„На сите ќе им биде подобро, дури и на Хрватите…“: Вучиќ откри што ќе ѝ предложи утре на Урсула фон дер Лајен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот