Ел Нињо пак ќе го поскапи кафето
Цената на кафето повторно е во пораст – достигнувајќи го највисокото ниво за шест месеци, објавија светските медиуми.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Цената на кафето се искачи на највисоко ниво за шест месеци, достигнувајќи 3,57 долари за фунта (0,454 кг) кафе, поради загриженоста дека временските проблеми во Бразил и во Виетнам би можеле да го намалат идното производство и снабдување и да доведат до недостиг на пазарот.
Бразил е најголемиот светски производител и извозник на кафе „арабика“, додека Виетнам доминира во производството на „робуста“.
Според проценките на експертот за стоковни пазари Зафер Ергезен, зголемувањето на температурата и намалувањето на врнежите од дожд во овие земји имаат негативен ефект врз цветањето на растенијата кафе, што би можело да доведе до послаб род во следната сезона, јавува агенцијата Анадолија.
„Ефектите од климатскиот феномен Ел Нињо да траат до првиот квартал од 2027 година, што дополнително ги зголемува ризиците околу идното снабдување, додаде Ергезен.
Цената на кафето се движеше надолу во текот на првата половина од годината, но во последните недели го смени трендот.
На почетокот на јули, цената продолжи да расте и достигна 3,57 долари, приближувајќи се до претходниот максимум од 3,72 долари забележан на 28 јануари.
Фунтата е стандардна мерка за трговија со кафе, особено за договорите за арабика на њујоршката берза, а сегашниот шестмесечен максимум одговара на приближна цена од 7,87 долари за килограм кафе.
Кафето повторно поскапува, во САД, цената на „арабика“ е зголемена за 70 отсто


