Една група намирници засекогаш ги исфрли од исхраната — еве што јаде Новак Ѓоковиќ за да остане во врвна форма
Новак Ѓоковиќ со години воодушевува со својата физичка подготвеност и долговечност на тениските терени. Многумина веруваат дека тајната на неговата форма не се крие само во напорните тренинзи, туку и во внимателно осмислената исхрана, на која ѝ посветува големо внимание.
Препорачано
Неговиот режим на исхрана се темели на растителни намирници, без глутен и млечни производи, со цел да одржи високо ниво на енергија, побрзо да се опоравува и што подолго да остане конкурентен на највисоко ниво.
Денот најчесто го започнува со чаша топла вода со лимон, за која повеќепати изјавил дека му помага во хидратацијата по будењето.
По тоа следува хранлив појадок, кој најчесто вклучува безглутенски овесни снегулки или мусли, збогатени со јаткасти плодови, семки и свежо овошје. Во утринската рутина често има место и за зелено смути подготвено од кељ, спанаќ и друг зелен лиснат зеленчук.
За ручек избира оброци што обезбедуваат стабилна енергија во текот на денот, а притоа не го оптоваруваат дигестивниот систем. На неговото мени често се наоѓаат безглутенски тестенини со песто од зеленчук, салата од киноа или ориз со печен зеленчук. Овие оброци се богати со сложени јаглехидрати и растителни влакна, што е особено важно за време на интензивните тренинзи и долгите натпревари.
Вечерата му е полесна и е насочена кон закрепнување на организмот. Често јаде супи од зеленчук, чорби од леќа или наут, како и варен или зеленчук подготвен на пареа. Тешка храна избегнува во вечерните часови бидејќи квалитетниот сон го смета за еден од најважните фактори за закрепнување.
Повремено консумира и манука мед, кој е познат по своите антибактериски својства.
Основата на неговата исхрана е избегнувањето на глутен, млечни производи и рафиниран шеќер. На ваков начин на исхрана преминал откако открил дека има нетолеранција на глутен, за што пишува и во својата книга „Сервис за победа“.
Иако неговата исхрана често се опишува како веганска, самиот Ѓоковиќ повеќепати истакнал дека повеќе сака да ја нарекува исхрана базирана на растителни намирници, бидејќи се темели пред сè на целосни и минимално преработени производи. Покрај храната, големо внимание посветува и на хидратацијата, па во текот на денот внесува големи количини вода.


