Тетово / Фото: Биљал Касами / Фејсбук

Тетово: крвав напад со нож, претреси, пиштоли, тефтери и кеш

Полицијата соопшти дека во Тетово имало апсења, откако биле претресени објекти на осомничен за напад со нож, во кој претходно се повредени двајца луѓе. Пронајдени се нелегални пиштоли, тефтери со евиденција и пари, велат од МВР.

„На 06.07.2026 во периодот од 15:00 до 18:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во врска со претходно пријавено кривично дело „насилство“, извршено претходниот ден, при што со нож беа повредени две лица, по добиена судска наредба извршија претреси на две локации кај Б.И. (38) од Тетово. Притоа, во патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Б.И., пронајден е пиштол кој го поседувал со дозвола, додека во куќата е пронајдена една рамка за пиштолот. При претрес во објект во Тетово, сопственост на Б.И., пронајдени се два пиштоли за кои немал дозвола, како и тефтери со евиденција и пари. Поради сомневање за сторени кривични дела, од слобода се лишени Ш.А. (62) и Е.А. (60), двајцата од Тетово и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

По 11 дена, МВР ја напиша кривичната за хоророт во Ченто — седум убоди со нож за МВР е „насилство врз дете“ а не „обид за убиство“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот